Одговори на неколку од најчестите прашања околу „Treska Residence“

Во изградбата на „Treska Residence“ се вклучени голем број на професионалци од различни области. Со цел да ги објасниме карактеристиките на овој објект, поразговаравме со неколкумина од архитектите на проектот. Прочитајте ги одговорите на некои од најчесто поставуваните прашања.
Кои се главните карактеристики на објектот „Treska Residence“?
– Со високо квалитетните вградени материјали, современите системи, и современиот дизајн, овој комплекс го подигнува урбаното живеење на повисоко ниво, притоа давајќи акцент и на зачувувањето на животната средина.
Што е најважно во процесот на дизајн на објект од овој тип?
– Се потрудивме да креираме станбени единици што ќе пружат удобност и функционално искористување на просторот. Преку големи отвори доведуваме природна светлина, која е важен елемент во колективното домување. Помеѓу објектите се задоволени потребните дистанци, а просторите помеѓу атриумските блокови се искористени за заеднички зелени површини – простори за социјализација и релаксација.
На кој начин е распределен просторот во станбените единици?
– Нашите дизајни на станови често интегрираат отворени простории каде што кујната, трпезаријата и дневната соба се без физички прегради. Ова создава поширок и попристапен простор, кој воедно обединува и го зближува семејството.
Употребуваме принципи на зонирање во различни функционални зони, како на пример: зона за дневни функции (дневни, спални) и интимна зона (соби за спиење, релаксација, работа). Овој принцип обезбедува ефективна употреба на просторот за различни потреби.
Колкав тим е потребен за реализирање на ваков проект?
– За проектирање, изведбата и функционирањето на ваков тип проект се неопходни експерти што ќе ги водат процесите и тимовите за изведба. Главниот тим што работи на проектирање и контролирање на фазите на изведба вклучува шест архитекти и инженери.
Зеленилото е важен дел од овој објект. Како успеавте да го инкорпорирате?
– Зеленилото во „Тreska Residence“ поттикнува хармоничен спој на природата во урбаното живеење.
Атриумските дворови нудат простор да се скриете од метежот и да уживате на клупа со омилената книга. Детските игралишта се безбеден простор за релаксација и забава и за помалите генерации.
Стратегиски се поставени и зелени површини помеѓу објектите и улиците. Овие прецизно уредени простори служат како освежувачки зелен тампон, истовремено нудејќи мирен амбиент и за жителите и за минувачите.