Изградбата на комплексот „Тreska Residence“ е во полн ек, а на фотографиите подолу ви
овозможуваме и краток поглед на тоа како течат работите. На 10.2.2024 год. се постави и
темелната плоча на објектот 6.12 во рамките на овој комплекс. Процесот траеше околу 17
часа, а во неделата што следуваше се работеше и на бетонирање на вертикалните
конструктивни елементи како бетонски столбови и ѕидови.
Секојдневно се работи со над 70 работници, вклучително и тесарска армирачка група,
кранисти, шофери за транспорт на бетон и ракување со пумпа за бетон, како и надзорни и
изведбени инженери.