Во исклучително тешкото време што го живее светот денес и изминатите неколку месеци,
борбата да се сочува здравјето претставува императив за секое општество, поединец,
семејство и компанија. Во таква борба, покрај здравствениот систем, треба да учествуваме
сите, па затоа општествената одговорност е клучна и неопходна. Препознавајќи ја оваа
потреба, „Мега“, заедно со партнерите „Акустик“, „Голден арт“ и „Греемак груп“, успешно
реализира донација на 85 неинвазивни респиратори, како и 24 кислородни концентратори,
за потребите на здравствениот систем на државата.
Веруваме дека од оваа бура ќе излеземе посилни и подготвени со заеднички сили да се
соочиме со сите потенцијални предизвици.