Деловниот комплекс „Mega Mall“ се наоѓа на бул. „Борис Трајковски“ бр. 62, во општина
Кисела Вода, Скопје. Сместен е на атрактивна локација на само 2,5 km од центарот на
градот, која овозможува одлични услови за непречена поврзаност и деловно
функционирање. Објектот е замислен како современ, функционален и атрактивен простор,
со квалитетна градба според сите стандарди за деловни комплекси. Комплексот се состои
од три ката, кои, покрај основната комуникација преку скали, се поврзани и со лифтови и
ескалатор, сопствен паркинг, најсовремен систем за централно греење и ладење.