Оваа Политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате интернет страната на Контролорите и/или користите некоја од на Контролорите преку истата.

Истата се однесува на понудата на производи на Мега ДОО Куманово и Акустик ДООЕЛ Скопје, како и на веб страната megaakustik.mk и нејзините поддомени. Мега ДОО Куманово и Акустик ДООЕЛ Скопје во рамки на својот делокруг на работење, а со цел извршување на својата основна дејсност во доменот на градежништвото, трговија и услуги вршат собирање, чување и обработка на личните податоци.

Политиката на приватност има за цел да ги објасни практиките на компанијата во делот на поединечните идентификациони податоци (Лични податоци) кои ги обезбедувате Вие или некоја трета страна на веб страната на Мега ДОО Куманово и Акустик ДООЕЛ Скопје – megaakustik.mk и нејзините поддомени.

Заштитата на личните податоци на корисникот на оваа веб страна се регулирани со оваа Политика на приватност и одредбите од Законот за заштита на личните податоци и задолжителните упатства на Дирекцијата за Заштита на Личните Податоци.

Контролори на личните податоци се Мега ДОО Куманово и Акустик ДООЕЛ Скопје (во понатамошен текст Контролори), Мега ДОО Куманово со седиште во Куманово на ул. Јоско Илиевски бр. 34, Република Северна Македонија, со ЕМБС 4511948, ЕДБ 4017992107493 и Акустик ДООЕЛ Скопје со седиште во Скопје на ул.Борис Трајковски бр. 276, Република Северна Македонија, со ЕМБС 5860482, ЕДБ 4030004506686.

Лични податоци

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци, подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци и актите за технички и организациски мерки за обработка на лични податоци на Контролорите. Дополнително, Контролорите настојуваат да ги применува и актите кои произлегуваат од регулаторните тела на Европската Унија, се разбира оние кои се однесуваат на заштита на обработката на личните податоци.

Личните податоци можат да се чуваат и обработуваат за статистички и маркетиншки цели, како и за подобрување на понудените услуги. Информациите кои ги собираме при вашата посета ни помагаат да понудиме прилагодено и персонализирано решение за секој наш клиент и со тоа да го подобриме севкупното искуство во користењето на нашата веб страна, за да одговориме на одредено ваше барање, да ја обработиме вашата нарачка или да ви овозможиме пристап до специјални информации или понуди.

За прегледување на оваа веб страна не е потребно да доставите лични информации. Ние обработуваме само информации кои се доброволно дадени од посетителите. Вие самите одлучувате дали во рамките на некоја регистрација, порачка, анкета или друг вид на форма ќе ни ги соопштите тие податоци или не.

Автоматски собрани информации, кои не се лични податоци

При прегледување на оваа веб страна, одредени информации се собираат автоматски (не преку регистрација), кои не се поврзуваат со определено лице (на пр. користен интернет-пребарувач, име на домен од кој доаѓате, број на посети, просечно време на задржување на страницата, повикани страници и сл.) Мега ДОО Куманово и Акустик ДООЕЛ Скопје ги користат овие информации за да ја испитаат атрактивноста на веб страната и да ја подобрат содржината. Ако ја посетите нашата веб страна, може да се случи во вашиот компјутер да ставиме информации во форма на „Cookie” (колаче), кое ве препознава автоматски при вашата следна посета. Овие Cookies дозволуваат одредена веб страница да се приспособи кон вашите интереси или да ја зачува вашата лозинка, за да не мора секој пат одново да ја внесувате. Ако го одбивате користењето на Cookies, имате можност да го наместите вашиот интернет пребарувач, така што ќе ги брише овие Cookies од вашиот компјутер или ќе ги блокира сите Cookies, пред да се зачува кое било од нив.

Сигурност

Мега ДОО Куманово и Акустик ДООЕЛ Скопје преземаат и одржуваат строги мерки за заштита на безбедноста и доверливоста на Вашите лични податоци за да ги заштитат истите од случајни или намерни манипулации, губење, уништување или од пристап од страна на неовластени лица. Вашите лични податоци нема да се даваат на трети лица, освен ако важечкото законодавство бара откривање на овие податоци на надлежните органи, но единствено и само на нив.

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со позитивните прописи и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Контролорите.

Правата на физичките лица, во однос на обработката на нивните лични податоци се:

Измени во Политиката на приватност

Мега ДОО Куманово и Акустик ДООЕЛ Скопје го задржуваат правото да вршиат измени на оваа Политика на приватност во секое време. Датумот на измената ќе биде прикажан на оваа веб страна, при што измените ќе стапат на сила од денот на последната измена. Ве советуваме периодично да ја прегледувате Политиката на приватност со цел подобра информираност.

Прашања и право на информација

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате Офицерот за заштита на лични податоци – Вања Шиповиќ, на следниов e-mail: privacyprotection@megaakustik.mk

Оваа Политика на приватност може да биде изменета во било кое време, при што сметаме дека сте известени со самото поставување на новата или ревидирана Политика на приватност на нашата веб страна.

ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА

1. Што се колачиьата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во персонален компутер или мобилен телефон од страна на интернет страниците кои се посетуваат. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на интернет страниците кои се посетувате и да помогат во идентификациа на физичките лица кога повторно ке за отворите истата интернет страница.

Овие текстуални датотеки можат да бидат „постозани” или „привремени”. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на персоналниот компутер и кога ке се исклучи пребарувачот (ке се премине во offline mode), додека привремените се бришат штом се затвори интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеке цели, како на пример за да се запомнат активности и преференциите на потрошувачите (вклучуваат іазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на интернет страницата и да се прикаже навигациската историіа на истата.

2. Зошто се користат колачиња (cookies)?

На интернет страницата на компанијата се користат колачиња (cookies) од следниве причини:

Кога jа посетувате интернет страната на компанијата, може да соберат некои податоци од пребарувањето на посетителот, како на пример IP адреса, која содржина од интернет страницата (подстраница) е посетена, кога е посетена и од која интернет страница е посетителот пренасочен.

Кога се посетува интернет страната на компанијата се користат услуги на трета страна Google Analytics за да се соберат стандардни информации за пристапот и детали за однесуването на посетителите, но на начин без да може некоі да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ja посетиле нашата веб страна.

3 .Каков вид на колачиња (cookies) се користат?

Се користат постојани колачињата (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

4. Можете ли да се избришат или контролираат колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за лично идентификуваье. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на интернет страницата, но истите би овозможиле подобро искуство во пребарувањето.

Овие колачина (cookies) можете да се избришат или блокираат, доколку се направи истото некои карактеристики на интернет страницата на компанијата.

Можат да се избришат сите колачињата (cookies) кои веќе се наоѓаат на персоналниот компутер и можат да се подесат поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку се направи претходното, можеби ќе има потреба рачно да се прилагодуваат преференциите секој пат кога посетувате интернет страната, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.

5. Промена на политиката за колачиња

Политиката за користење на колачиња редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активности на компанијата.

6. Поставување на политиката за колачиња

Оваа Политиката за користење на колачиња ќе се постави на официјалната интернет страна на компанијата.